Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Полека излегува на површина се она што се случувало во тунелот на „Олд Трафорд“ после градското дерби.
Во инцидентот учествувале 20 луѓе, фудбалери и луѓе од стручните штабови. Во расправијата Мурињо бил погоден со картон од млеко и испрскан со вода, а Лукаку го повредил Артета така што го погодил со шише во глава.
Денес медиумите на Островот откриваат кој ја започнал расправијата, а очекувано станува збор за Ибрахимовиќ. Тој наводно бил испровоциран од стручниот штаб на Пеп Гвардиола, бидејќи дел од нив работеа со Каталонецот и во Барселона па лично го познаваат Ибра.
Ибра во неколку наврати даваше потценувачки изјави за Гвардиола и Сити, па сега соработниците на Пеп го пецнале: „Ибра, многу зборуваш, а малку работиш на терен“. Артета бил најгласен во „прозивките“, па на крај помина и со лесни повреди на главата.
Втората верзија вели дека Мурињо ја започнал расправијата кога му рекол на голманот на Сити Едерсон да покаже респект и го обвинил дека задржувал време цел натпревар. Бразилецот реагирал бурно, го опцул Мурињо, па започнал општ хаос.
Камерите не снимиле ништо, судијата не бил присутен, но неколку официјални лица виделе што се случува, па ќе мора да достават изјави бидејќи Фудбалската федерација започна истрага за случајот.