Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Извршената верификација на системот на граничните премини од страна на албанските власти потврдиле дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски, Албанија ја напуштил на 11 ноември околу 19 часот, јави тиранската телевизија Ора њуз.
Новинарот Енвер Робели на Твитер напиша дека неговите извори од албанската Влада потврдиле дека Никола Груевски ја поминал границата на Албанија и Црна Гора во неделата со возило од Амбасадата на Унгарија од Тирана.
https://twitter.com/VincentTriest/status/1063127121684512768
Mакедонскиот поранешен премиер Груевски, во неделата нелегално влегол на територијата на Албанија и ја напуштил земјата упатувајќи се кон Црна Гора. Според тамошните медиуми, тој ја напуштил Албанија со возило од Амбасадата на Унгарија во Тирана.
Претходно унгарската амбасада во Тирана ниту ја потврди, ниту ја демантираше информацијата дека Груевски, една ноќ минал во оваа амбасада.