Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Познатиот книжевен и филмски лик, тајниот агент Џејмс Бонд 007, ќе биде татко во филмот No Time To Die. Mail on Sunday пишува дека шпионот што го игра Даниел Крејг во новиот филм за Џејмс Бонд ќе биде татко на петгодишната ќерка Матилда, која ја добил со д-р. Медлин Свон (Леа Сејду).
Приказната се појави минатата недела кога дневните распореди на актерите се појавија на eBay. Распоредот ја опишува сцената, снимена во Италија минатата година, во која Др. Свон се појави со агентот Номи (Лашана Линч) и Матилда, која ја игра Лиза-Дора Сон.
„Сцената # 235“ детално опишува како „Номи ги носи Мадлин и Матилда на безбедно со остров во позадина“.
Филмски инсајдер ги потврди извештаите дека Бонд ќе стане татко затоа што Даниел сакал филмот да ја „изненади“ публиката. „Да, точно е. Бонд е татко. Даниел сакаше овој филм да биде најизненадувачки и најзабавен досега“.
„Даниел е постар и неговиот Бонд созрева и гледа низ животот преку призмата на татковство. Но, има многу повеќе од тоа“.
„Бонд секогаш успеа да шармира стотици убави жени, навидум без никакви последици. Да се направи татко му отвора цел свет на можности за развој на приказната”.
Последниот Бонд во кој глуми Даниел Крејг се одвива пет години по настаните од Спектер. Поранешниот агент 007 ужива во пензија во Јамајка со д-р. Свон пред да треба повторно да го спаси светот.
Според најавите, филмот ќе биде полн со пресврти, а Бонд го спасува светот од биолошка пандемија. „Не е ковид-19, но е слично. Многу е навремено“.