Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако преговорите за негов трансфер во Барселона неочекувано пропаднаа пред неколку дена, ѕвездата на Ница Жан Мишел Сери отворено проговори за сутуацијата.
Француските медиуми објавија дека главен виновник за пропаѓањето на трансферот бил ПСЖ, кој на агентот и на Ница им понудил многу повеќе пари отколку Барса.
„Клубот ми вети една работа, а потоа се испостави дека не го одржаа ветувањето. Бараа повеќе пари отколку што беше договорено со Барса“, открива играчот кој не губи надеж дека ќе се пресели на „Камп Ноу“.
„Сакам да бидам оптимист и мислам дека трансферот сеуште може да се реализира. Мојот агент имаше постигнато договор за петгодишна соработка. Голема чест е што Чави ме смета за негов наследник. Јас сум навивач на Барса од мали нозе и ќе ми биде чест да играм на Камп Ноу“, додаде Сери.