Home Спорт Oткриена причината за трагичната несреќа во која животот го загуби играчот на трускиот прволигаш

Oткриена причината за трагичната несреќа во која животот го загуби играчот на трускиот прволигаш

Турската, но и целокупната фудбалска јавност беше потресена од несреќата во која животот го загуби Јозеф Сурнал, играчот на Анталиспор.

Анталиспор вчера гостуваше кај Кајсериспор и тој натпревар заврши без победник 1:1. При враќањето од гостувањето дел од тимот, поточно седум фудбалер се враќале со минибус.

Покрај настраданиот Сурнал во минибусот биле уште Длајама, Баиано, Сисе, Велинтон, Саки и Калкер кои поминале со полесни повреди.

Сега турските медиуми ја откриваат причината за несреќата во која животот го загуби Сурнал и се изгледа повеќе трагично…
Имено, трагичниот настан се случил откако двајцата возачи на минибусот заспале.

Во ваквите минибуси секогаш има двајца шофери, а во моментот на оваа несреќа двајцата заспале. Тогаш тие се превртле неколку пати. Брзата помош пристигнала на местото на несреќата, но за Сурнал за жал веќе било доцна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…