Откриена причината за раздорот меѓу Пеп и Агуеро: Овие три клуба се во игра!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Извор близок до Кун Агуеро ја откри причината за несогласувањата со тренерот Пеп Гвардиола, па Аргентинецот на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти „Етихад“.

На Агуеро не му одговара стилот на игра и филозофијата на Пеп Гвардиола па тоа е главната причина за несогласувањата, открива извор близок до Аргентинецот.

„Не е вистина дека Агуеро не се труди и дека не тренира добро. Едноставно барањата на тренерот се она што тој не може да го исполни, тоа не е негов стил на игра“, открива инсајдер за англиските медиуми.

И самиот Гвардиола не негира дека Аргентинецот би можел да замине од Манчестер Сити на крајот на сезоната.

„Би сакал Кун Агуеро да остане. Но не знам што ќе се случи. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите на лето“, изјави Гвардиола.

Медиумите на Островот тврдат дека Агуеро донел конечна одлука да ја промени средината и неговиот избор паднал на само три клуба, а сумата која ја бара Сити за неговата слобода е 80 милиони евра.

Првиот е Реал Мадрид, Флорентино Перез е голем фан на Аргентинецот, а „кралевите“ следното лето ќе тргнат во потрага по врвен напаѓач бидејќи Мората готово сигурно ќе замине од „Сантиаго Бернабеу“.

Втората опција за Кун е Пари Сент Жермен кој исто така сака да донесе врвен напаѓач на лето. Главни мети се Агуеро и Санчез, а „светците“ сигурно нема да имаат проблем кога се финансиите во прашање.

Третата опција е милански Интер чии нови сопственици се спремни да вложат огромна сума на пари следното лето, а главна трансфер цел на „Сунинг“ ќе биде токму Кун Агуеро.