Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Реал Мадрид во изминатата година има огромни проблеми си повредите, а само од почетокот на сезоната „кралевите“ потврдија 13 повреди.
Зидан на вчерашната пресконференција потврди дека тоа е најголемиот проблем на клубот и дека е загрижен поради тоа.
Меѓутоа, видеото кое се појави на клупската телевизија, најверојатно ја открива причината за големиот број на повреди.
Фудбалската јавност со неверување гледа како тренираат и какви вежби во теретана прават ѕвездите на Реал Мадрид.
„Ви се колнам дека никогаш не сум видел вакво нешто. Како може ова да се случи во клуб како Реал Мадрид. Неверојатно“, напиша еден навивач на социјалните мрежи.
Mendy injured. I really do wonder how Madrid has injured players so often. What’s that? This is a video of them working out? Never mind what I said. pic.twitter.com/wDB4CmJeaT
— Xav Salazar (@XavsFutbol) September 24, 2019