Откриена причината поради која Леонардо да Винчи престанал да слика на стари години


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Италијанските лекари утврдија дека славниот сликар, вајар и иноватор Леонардо да Винчи престанал да слика во доцната фаза од животот бидејќи заболел од тешко оштетување на нервите во рацете кое му предизвикувало сериозна згречност на прстите.

Медицинските експерти тврдат дека на Леонардо му била дијагностицирана Дупујтренова болест, која е позната по тоа што прстите ги претвора во канџи. Тој таа негова физичка и здравствена состојба наводно ја прикажал и преку две свои дела.

Се смета дека оштетувањата кои Леонардо ги добил на нервите во рацете се последица од мозочен удар, пенесува ВВС.

Но, во списанието од Кралското медицинско друштво лекарите тврдат дека Леонардо имал само мали оштетувања на нервите поради кои не можел повеќе да ја држи палетата за бои и четката за сликање.

Леонардо да Винчи како ренесансен уметник и иноватор остави неповторлива трага и едно од најголемите уметнички влијанија со своите дела, трудови, анализи, иновации и посветеност во работата. Неговото дел и лик и денес се центар на бројни истражувања.

Врз основа на сенчањето на неговите цртежи, со години се сметаше дека тој бил левучар, но сите историски и биографски документи упатуваат на тоа дека Леонардо ја користел и својата десна рака при сликањето на своите дела.

Едно истражување завршена минатата година откри дека маната која Леонардо ја имал на едното око, поточно егзотропијата, му помогнала да слика и феноменално да доловува оддалеченост и длабочина на рамни површини со прецизност по која станал славен.