Спорт

Откриена новата дестинација – Арон Рамзи се сели во Италија!

Арон Рамзи сигурно ќе го напушти Арсенал откако одлучи да не го продолжи договорот со англискиот клуб.

Договорот на Рамзи истекува на крајот на сезоната, па само прашање е дали ќе го напушти клубот во јануари или на крајот на сезоната.

Неколку европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис, а „Гардиан“ од сигурни извори дознава дека фудбалерот ќе се пресели во Италија.

Имено, генералниот директор на Арсенал Иван Газидис од следниот месец ќе седне на фотељата на „Сан Сиро“, па наводно со себе ќе го донесе и играчот за врска.

Газидис е во одлични односи со агентот на Велшанецот и веќе постигнал начелна согласност за трансферот, па така Милан ја победил големата конуренција пред се од Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.

Advertisements
To Top