Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Луѓето не влегуваат во врска само поради сексот. Иако на почетокот е важен, за поголемиот број парови, тој всушност не го оддржува бракот во живот. Мислам дека моќта на партнерството во бракот не е доволно препознаена во нашето друштво. Тоа е она поради што браковите функционираат, а не сексот, изјави порано британската актерка, Хелен Мирен.
Експертите се согласуваат со неа и тврдат дека голем број парови ја наоѓаат среќата во бракот без секс.
Дали може бракот без интимен однос да опстане? Токму тоа прашање мачи многумина, а експертите имаат јасен одговор. Може!
Прочитајте ги петте најголеми лаги за бракот без секс
Осудени се на пропаст
Долгогодишен брак полн страствен и редовен секс е само мит. Секако, има парови кои успеваат со години да оддржуваат еднаков интензитет на хемија како и на почетокот на врската, но тие се реткост. Обврските и децата најчесто внесуваат потполно поинаква динамика во интимата на сопружниците. Немаме повеќе време за себе, ни се менуваат приоритетите и потребите, а страствената љубов од почетокот на врската и бракот доживуваат трансформација. За успешен брак пред се е потребно голема меѓусебна почит и разбирање. Бракот може да преживее без секс, но не и без овие ставки.
Ако во бракот нема секс, тоа значи дека исчезнала привлечноста
Експертите велат дека недостатокот на привлечност е ретко причина за недостаток на секс во бракот. До тоа многу често доведуваат други фактори како стрес, работни обврски и здравствени проблеми. Партнерот и натаму може да ви биде привлечен, но тоа нема обавезно да влијае на вашето либидо.
Кога сексот еднаш престане, нема враќање на старо
Неточно. Врските и браковите имаат многу фази. Често се случува сексот да престане од потполно оправдани причини како пристигнување на дете, болест или некој друг тежок стрес. Ако парот се потруди да гледа на таа фаза од својот брак со разбирање од се можат да излезат уште посилни и повторно да воспостават интимна поврзаност кога за тоа ќе дојде време.
Нема решение за овој проблем
Слабото либидо не е ретка појава. Кога ќе се најдете во ваква ситуација можете да се налутите еден на друг, но едноставно можете да се обидете отворено да разговарате за тоа зошто повеќе во вашиот брак нема секс. Парот прво мора себеси да се преиспита, што е причината за намалената желба за секс?
Здравствените проблеми кои треба да се решат? Препишаните лекови кои го ослободуваат либидото? Емотивен проблем кој го криете во себе? Финансиски или работен стрес? Многу причини се поради кои сексот може да престане, а додека не го најдете вистинскиот виновник не можете да најдете клуч за ситуацијата.
Заедничкиот труд и работа на односот дополнително можат да ги зближат сопружниците, а најважно е да запаметите дека бракот без секс нема во вас да создаде чувство на осаменост додека имате отворена и искрена меѓусебна комуникација.
Во односот без секс се губат љубовта и поврзаноста
Ова е еден од најголемите митови за браковите без секс. И тоа како можете да имате брак полн со љубов и нежност без интимен однос. Можеби повеќе не сте спонтани и страствени како на почетокот на врската, не губите глава по секој допир, но тоа не значи дека повеќе не се сакате.Блискоста се развива на разни начини, а не само по пат на сексуален однос.