Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мурињо прави планови за зимскиот преоден рок и планира да донесе квалитетно засилување во одбраната, но она за што треба да се грижи, е отказот!
Имено, доколку не избори пласман во Лига на шампиони Мурињо сигурно ќе добие отказ, а во клубот немаат дилеми, ќе направат се за да го доведат Маурицио Покетино.
Медиумите на Островот откриваат дека во новиот договор кој го потпиша Мурињо до 2020 година има клаузула која вели дека во случај да не успее тимот да се пласира во ЛШ, Португалецот може да биде отпуштен без клубот да му плаќа обештетување.
Англиските медиуми пренесуваат дека ако четвртото место биде нереално во јануари, односно како тимот заостанува многу, тогаш раководството нема да вложи пари за нови засилувања.
Во секој случај, ако Јунајтед не стигне до четвртото место, за Мурињо нема спас. Јасно, клубот може да му даде отказ и во текот на сезоната, но во тој случај ќе мора да му плаќа отштета.
Мурињо го очекува тешка борба до крајот на сезоната, со оглед на фактот дека првите три места се веќе „резервирани“ за Сити, Ливерпул и Челзи, па ќе мора да се бори со Арсенал и Тотенхем за последното место кое води во Лига на шампиони.