ОТКРИЕНА ИЗМАМА: Фондацијата Допир преку лажни профили собирала пари


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против М.Ш. (53) и А.Ш. (49) поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – “компјутерска измама“ по чл.251-б од КЗ на РСМ.

Како што соопштуваат од МВР, пријавените со цел да се стекнат со противправна имотна корист формирале Фондација “Допир“ и креирале веб страна https://bidihumansega.mk/ која активно работела на собирање средства за помош на деца со посебни потреби и ретки болести.

Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, утврдено е дека регистрант на веб страната https://bidihumansega.mk/ е лицето М.Ш., кој и воедно е претседател на Фондацијата.

Во рамки на спроведената истрага, како што се наведува во соопштението, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика изврши низа проверки, меѓу другото и околу тоа дали лицата, односно корисниците на веб страната за кои се собираат донации, евидираат во системот на Министерството за внатрешни работи и притоа констатирано е дека поголемиот дел од корисниците не постојат, односно креирани се измислени, лажни, фиктивни профили преку кои веб страницата собирала донации и парични средства.

Притоа утврдено е и дека заклучно со 27.03.2019 година преку веб страната https://bidihumansega.mk/ собрани биле 3.531.199 денари.

По направената анализа на банкарските сметки, како што информираат од МВР, констатирано е дека од собраните парични средства, пријавените вршеле повлекување на парични средства за сопствени потреби.

-На 27-ми овој месец, а по претходно обезбедена судска Наредба за претрес, издадена од Основен суд Скопје I Скопје, извршен е претрес на деловни простории во стан во Скопје, при што се пронајдени голем број докази кои укажуваат дека лицата М.Ш. и А.Ш. свесно вршеле внесување невистинити податоци и фотографии од деца кои биле предмет за собирање парични средства по основ на донации и со тоа довеле во заблуда голем број граѓани и правни лица кои донирале парични средства, наведуваат во соопштението.

Со Наредба од Судија за претходна постапка од Основен Суд Скопје I – Скопје, паричните средства од фондацијата се замрзнати.