Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Таен код во софтверот на iPhone протече во јавноста. Тоа може да претставува проблем за гигантската компанија затоа што може да им овозможи на хакерите да упаднат во системот на компанијата.
Од Apple рекле дека кодот е стар три години и дека тој не влијае на изворниот код за безбедност. Од компанијата рекле дека има повеќе слоеви на заштита на хардверот и софтверот во нивните производи и дека секогаш ги охрабруваат корисниците да ги ажурираат најновите верзии за да имаат корист од најновите заштити.
Експертите наведуваат дека откривањето на тој заштитен дел од софтверот ќе им овозможи на хакерите да пронајдат дупки во безбедносниот систем на ајфоните. Тоа не мора да значи дека корисниците на iPhone веднаш ќе се најдат во ризик, но експертите напоменуваат дека хакерите сега би биле во можност да го анализираат кодот од компанијата и подоцна да го искористат за манипулации.
Случајот е откриен кога еден од корисниците на овој паметен телефон го објави безбедносниот код на iPhone на веб-страницата Git Hub на кој корисниците разменуваат разни кодови.
Како што пренесуваат американските медиуми, кодот кој протече во јавноста го открива системот iBoot, кој се активира кога телефонот ќе се вклучи. Се наведува дека хакерите сега ќе имаат можност во телефоните да внесуваат вируси или, пак, алатки за надзор.