Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според најобемната научна студија на Универзитетот во Њујорк, дебелината е број еден ризик за да дојде до компликации и хоспитализација поради коронавирусот кај луѓет над 65 години.
Популацијата над 65 години е окарактеризирана како ризична група за заболување од коронавирус.
Постарите и дебелите луѓе имаат најголеми шанси да бидат хоспитализирани поради компликации што ги предизвикува коронавирусот, па дури и повеќе шанси од пациентите заболени од рак или кои кои имаат проблеми со белите дробови, предупредуваат истражувачите.
Универзитетот во Њујорк набљудувал повеќе од 8.000 пациенти и открил дека луѓето постари од 65 години со индекс на телесната маса над 30, се во најголем ризик од смртен исход. Повеќе од 46% од сите пациенти кои се хоспитализирани со коронавирус имале повеќе од 65 години. Научниците истакнале дека годините се дефинитивно најголемиот фактор за ризик за хоситализација, а здравствената состојба која најчесто била поврзана со сериозноста на болеста е дебелината.
Посебно истражување утврдило дека кај пациентите помлади од 60 години двојно поверојатно е дека ќе им биде потребна болничка нега или вештачка вентилација ако се дебели.