Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Напаѓачот врз групата муслимански верници, во северен Лондон, е Дарен Озборн, роден во Велс.
Според лондонските медиуми, Озборн кој е уапсен набргу по нападот, има 47 години и е татко на четири деца.
Британскиот заменик министер за внатрешни работи Бен Валас кој е раководител на безбедносниот сектор во Хоум Офисот, изјави вечерва дека Озборн не им бил познат на безбедносните власти и дека во овој свој терористички напад, најверојатно дејствувал сосема сам“.
Тој беше уапсен и осомничен за тероризам, отакко со своето комби возило , намерно удрил, во група муслимани кои излегле од џамијата во лондонскиот кварт Финсбури Парк, по редовната молитва за празникот Рамазан.
Во овој инцидент, едно лице е убиено, а десетина други се повредени.