Откриен главниот проблем на Сари во Челзи


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тимот на Челзи влезе во многу лоша серија, така што во последните 4 кола, само еднаш победија, а трипати беа поразени, што резултираше со пад на табелата.

Последните три порази на лондонскиот клуб се без постигнат гол, „сините“ против Сити, Арсенал и Бонрмут примија вкупно 12 гола, а не постигнаа ниту еден.

Поради тоа сериозно е разнишата позицијата на Сари, кој според медиумите добил ултиматум од 1 месец, да го врати тимот на вистинските патеки, или ќе му следува отказ.

Шпански „Ас“ пишува дека Маурицио Сари ја „изгуби соблекувалната“, додека „Фудбал Италија“ смета дека тренерот нема поткрепа од „големите имиња“ во Челзи и дека со дел од нив нема шанса да има подобрување во комуникацијата.

„Играчите не ги разбираат методите на Италијанецот, не се чувствуваат удобно, и сето тоа се одразува на тревникот“, пишува „Фудбал Италија“.

Челзи најпрво му гостува кај Малме во првиот меч во 16-финалето од Лига Европа, за веднаш потоа да следи дуел со Манчестер Јунајтед во ФА Купот на Англија, а потоа следи реваншот со Малме на домашен терен, по што следат Брајтон во Премиерлигата, односно Манчестер Сити во Лига Купот на Англија. Последниот предвиден меч за Челси за овој месец е оној на домашен терен против Тотенхем во Премиерлигата.

Доколку „сините“ не прикажат доби резултати на овие натпревари, многу е веројатно дека од следниот месец ќе имаат нов тренер.