Откриен досега непознат минерал во природата


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Научниците со децении го истражуваат и пробуваат да ги откријат сите тајни кои ги донесе со себе 210 грама тешкиот метеорит Wedderburn, кој беше пронајден во 1951 година покрај пат на оддалечен истоимен австралиски град.

Студијата објавена пред неколку месеци, од минералогот Чи Ма од Caltech, потврди дека овој метеорит содржи т.н. едскотит, ретка форма на железни карбидни минерали, прв минерал од ваков вид во природата.

Откривањето на едскотитот, именуван по метеоритскиот експерт Едвард Скот, е важно за научната заедница затоа што тоа е прва појава на оваа конкретна атомска формулација на минерали од железо карбид во природата.

Синтетичката верзија на овој минерал им е познат на експертите со децении, и се добива за време на топење на железо, пренесува Science Alert.

Планетарниот научник Џефри Бонинг од австралискиот национален универзитет смета дека овој минерал е создаден во загреаното јадро на древна планета што била уништена во дамнешно минато. Планетата е веројатно уништена од катастрофален космички судир со друга планета, месечина или астероид и се распрснала во помали делови.

Милиони години подоцна, еден фрагмент од таа древна планета случајно паднал во близина на Ведерберн, посочува Бонинг.