Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во мало село, покрај реката Пергау во Сунгаи Руал, лингвистите пронајдоа заедница чии припадници говорат јазик кој досега не им бил познат. Јазикот се вика једек и го говорат околу 280 луѓе.
Во ваа заедница владее поголема полова рамноправност отколку во било кое западно општество. Не одобруваат насилство, како и натпреварување меѓу децата.
Токму таквиот начин на живот се одразил и на нивниот јазик, во кој не постојат зборови кои означуваат поими поврзани со поседување нешто, како „купи, продај, позајми или укради“. Меѓутоа, имаат многу зборови кои означуваат размена, споделување и соработка.
Линвистите Никлас Буренхулт и Јоане Јагер од Универзитетот Лунд од Шведска, овој јазик го открија проучувајќи го јазикот јахаи на истото подрачје.
Истражувачите одамна ја имаат откриено оваа заедница и нејзините членови не се во целост изолирани од надворешниот цивилизациски свет. Многу луѓе и научници ги имаат посетено и проучувано, но никој не забележал дека зборуваат на досега непознат јазик.
„Сфативме дека голем дел од луѓето говорат поинаков јазик. Користат фонеми, зборови и граматички структури кои не постојат во јазикот јахаи“, наведуваат истражувачите.
Со сè поголемиот замав на глобализацијата, непознатите јазици сè повеќе изумираат. Моментално во светот се говорат над 6.000 јазици, а од нив 40 насто би можеле наскоро да исчезнат. Според експертското мислење, во следните 100 години е изгледно дека повеќе од половина од овие јазици веќе нема да постојат.
Со помош на документирање и негување на јазици како једек, лингвистите се надеваат дека ќе придонесат за зачувување на помалку познатите култури, бидејќи модерните и урбани општества ги загрозуваат и лошо влијаат на културните богатства од малите заедници.