Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По прес конференција на која нивниот славен татко, бившата фудбалска ѕвезда Синиша Михајловиќ, за јавноста откри дека боледува од леукемија, на социјалните мрежи се огласија неговите ќерки Викторија и Вирџинија. Тие имаат силни пораки за својот татко.
Актуелниот предводник на Болоња, Синиша Михајловиќ на прес конференцијата покажа дека и во иднина ќе остане онаков пргав и борбен каков што беше на зелениот терен. Популарниот Миха јавно порача дека нема намера да се предаде и дека со сите сили ќе се бори против болеста.
Поддршка на својот татко му даваат и ќерките Викторија и Вирџинија.
„Велат дека Бог најтешките битки вообичаено им ги дава на најдобрите војници. Дури иако не ви одговара, знаете дека читам сè и од срце ви благодарам на сите. Ние сме семејството Михајловиќ и откажувањето од борба не е во нашата ДНК, е пораката од Викторија.
Неговата помлада ќерка Вирџинија кратко напиша: „ВОИН“.