Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Алкохоличарите кои се обидуваат да ја победат својата зависност без професионална медицинска помош, можат да се доведат до многу смртоносна состојба, тврдат лекарите.
„Симнувањето од опијати е комплицирано, но од медицинска страна не претставува итен случај. Но кога е во прашање алкохолот, нагол прекин медицински и психички е многу опасно” – тврди др. Џеф Футе, еден од основачите на њујоршкиот Центар за мотивација и промена.
Тешките алкохоличари, во текот на процесот при „симнување”, можат да го доживеат она што лекарите го нарекуваат делириум тременс. Симптомите на таа состојба вклучуваат тресење, збунетост и халуцинации. Бидејќи мозокот кај таквите луѓе е зависен од супстанци, прекинот на алкохолот е многу екстремна реакција, еднаква на откажување на органи.
„Медицинска интервенција е неопходна поради тоа што докторите постепено ја дозираат терапијата и примената на лековите, за да овозможат на организмот безбедно да се ослободи од зависноста. Бидејќи дрогата и алкохолот имаат слични ефекти, кај тешките зависници, лекарскиот надзор е неопходен” – вели Футе.
Околу 15 милиони луѓе во САД се борат со алкохолизмот. Од тие кои се обидуваат да прекинат со пиењето на своја рака, само половина од нив успеваат.