Откажани 300.000 лета, над 110.000 патници блокирани – пропадна познатата авиокомпанија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Британската агенција за цивилно воздухопловство (САА) објави дека денес, понеделник, британската авиокомпанија Monarch Airlines, која замина во стечај, веднаш ги прекина сите летови со што 110.000 патници останаа блокирани, а откажани се околу 300.000 летови.

На вебсајтот од Monarch со жалење известуваат дека од 2 октомври, 2017 година, ги откажуваат сите летови и туристички пакети.

Ова е непредвидена ситуација и поради тоа што во разни странски земји се заглавени 110.000 патници, па британската влада побара од САА да координира летови за враќање на тие патници во Велика Британија.

„Тие нови летови за вас нема да претставуваат никаков дополнителен трошок“, се додава во известувањето кое го пренесува „Ројтерс“. Британската влада сега ја подготвува најголемата операција за враќање на патниците во својата татковина.

Послабите европски авиопревозници се под голем притисок поради острата конкуренција во секторот авиопревоз. Monarch минатата недела објави дека разговара со потенцијални партнери после известувањето дека делови од нивната мрежа ќе бидат продадени.