Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Вршителот на должност дилмејкер“ го откажа самитот со севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун. Пикантно е тоа што сѐ се случи само неколку часа откако Пјонгјанг го уништи полигонот за атомски тестови Пунгери, што – при сета скепса – беше позитивен гест.
Откажувањето на самитот не доаѓа сосема изненадувачки. Тонот помеѓу двете страни во последните недели стана поостар. И, се множеа знаци дека освен фото-термин во Сингапур, кој би бил пријатен за Ким, во Сингапур нема да биде постигнат видлив успех.
Американската администрација од почетокот прецени на какви отстапки би била подготвена Северна Кореја. Националниот советник за безбеднсот Џон Болтон јасно ги формулираше барањата на САД: само целосно и конечно нуклеарно разоружување ќе биде наградено со економски олеснувања.
Преговарачка стратегија според мотото – сѐ или ништо. Таквата стратегија не стана подобра со постојаните потсетувања од страна на Болтон и, последно, со потсетувањето на потпретседателот Мајк Пенс во понеделникот на „Либискиот модел“. За Северна Кореја тоа значеше јасна закана. На либискиот властодржец Гадафи не му помогна тоа што се откажа од својата нуклеарна програма – тој во 2011 година беше соборен од власт со помош од Западот и потоа убиен.
Погрешна беше и проценката на Вашингтон дека притисокот на санкциите и воените закани ќе ја натераат Северна Кореја на преговори. Напротив, од севернокорејски аспект преговорите станаа привлечни само благодарение на самоувереноста поткрепена со атомско оружје и интерконтинентални ракети, значи преку позиција на релативна сила.
Извор: Дојче Веле