Home Актуелно Откажан обидот за продажба на АД Славија

Откажан обидот за продажба на АД Славија

Агенцијата за управување со одземен имот ја известила берзата дека се откажува продажбата на акциите на АД Славија.

Неофицијално, Агенцијата пред Македонска берза го образложила откажувањето на продажбата со покренатата постапка на поранешни вработени на Славија, кои бараат акциите, а со тоа и имотот на друштвото да не се продаваат, додека не си ги наплатат заостанатите плати и продонеси.

Ваквиот епилог следува откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека власта преку Агенцијата за конфискација сака на блиски луѓе да им продаде за 218 илјади евра имот, кој, според партијата, вреди над 20 милиони евра.

Од Агенцијата, пак, се правдаа дека 70 отсто од имотот на друштвото е нетранспарнентно распродаден за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, поради што сега, посочуваат од таму, друштвото вреди далеку помалку, особено поради високите долгови.

И покрај различните информации за обврските на Славија, сепак, факт е дека се уште располага со атрактивен имот, како управната зграда близу ФОН, магацините во Кисела Вода, објектот на Рузвелтова итн.

Инаку, темата за Славија е актуелна долги години, бидејќи, како што пишуваше и Фокус, додека постојано се продава имот на некогашниот гигант, вработените не можат да си ги наплатат побарувањата, додека дел од нив си ги бараат назад и акциите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…