Advertisements
Актуелно

Откако речиси го разрушија до темели: Граѓаните славата на улиците од Алепо

На улиците на северниот сириски град Алепо е преполно со возила и луѓе, кои прославуваат откако командата на владината армија во четвртокот попладнето објави дека под нејзина контрола, пренесува агенцијата SANA.

Во градот е воспоставена повторно безбедноста по повлекувањето на остатокот на терористичките банди, се наведува во армиското соопштение користејќи го терминот со кој владата во Дамаск ги означува сите бунтовнички групи кои од март 2011 година се борат да го соборат сирискиот претседател Башар ал-Асад.

-

Победата во Алепо претставува стратешки момент и важна пресвртница во борбата против тероризмот. Таа им нанесува решавачки удар на оние силите кои го поддржуваа терористичкиот заговор против Сирија, се истакнува во соопштението.

Се наведува и дека успехот во Алепо е постигнат благодарејќи на упорноста на народот и хероизмот на војската и милициите, и се истакнува дека тој ја потврдува способноста на сириската армија и нејзините сојузници да се справат со терористичките групи.

-

На улиците се запалени празнични огнови, сите автомобилистите ги вклучиле трепкачите, и насекаде се пука во воздух, изјавил за агенцијата РИА Касвара Отман, жител на квартот Хамданија.

Во нашата населба осветлија елка, луѓето со солзи во очите се прегрнуваат и си честитаат. Ова е навистина голема победа, која ја чекавме пет години, ја опишува атмосферата во градот жителката на христијанскиот кварт Азизија, Асма Хадад.

-

-

И покрај студеното време и дождот, мноштвото луѓе постојано се зголемува и од сите страни се слуша музика, пренесуваат медиумите.

Advertisements
To Top