Откако не успеаја да ја направат конзулка: Дали Бесмира Ејупи сепак ја вработија во МНР?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Опозицијата обвинува дека несудената конзулка во Њујорк Бесмира Ејупи, која земала хонорари вредни 12 илјади евра од Државното правобранителство и општините Петровец, Чаир, Сарај и Брвеница добила работно место, овојпат во Министерството кое го раководи Бујар Османи.

Од Министерството пак, молчат – Не откриваат дали ТВ презентерката им станала колешка, и ако е вистина, дали за тоа имало конкурс и со колкумина таа се натпреварувала за работното место.

Името на Ејупи одекна во јавноста откако излезе информацијата дека на затворена владина седница, таа била предложена како кандидат за генерален конзул во Њујорк. По реакциите во јавноста пак, на следната седница, предлогот беше повлечен, за потоа од владата да тврдат дека не е планирано повлекување на актуелниот конзул, Јордан Панев.

Во меѓувреме, траат истрагите како ТВ презентерката стигнала истовремено да се појавува на работа во повеќе институции, за што Антикорупциската комисија испрати документи во Обвинителството, но и предлог, кривично да се гонат поранешниот Државен правобранител Фехми Стафа, но и градоначалниците на Сарај, Чаир, Петровец и Брвеница, Блерим Беџети, Висар Ганиу, Борче Митовски и Енвер Пајазити.