Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мајка на еден од американските маринци кои беа убиени во Кабул, напиша огорчено јавно обраќање кое го адресираше до претстедателот на САД, Џо Бајден, сметајќи го за одговорeн за смртта на нејзиниот син и другите загинати. Писмото нè остана без одек и реакција: нејзините профили на Фејсбук и Инстаграм беа исклучени.
„Kарим Никуи е мојот син. Пред два часа се вратив откако неговото тело беше извадено од авион. Срцево ми е отргнато од градиве и знам дека никогаш веќе нема да бидам иста. Вчера имав шанса да разменам некој збор со Бајден. Во лице му кажав дека крвта на син ми и другите загинати е на неговите раце.
Тој е комплетен позер. Додека ги симнуваа телата, Бајден пет пати погледна на својот часовник. Тој не е наш претседател и не е наш лидер.
Откако ќе го погребам Карим, ќе ја земам мојата Тојота Тундра, ќе отидам до Белата куќа и нема да мрднам од таму додека Бајден не поднесе оставка и не замине сосе целата негова сјебана администрација“, вели во двете огорчени поста мајката на загинатиот маринец, Шана Шапел.
Епилогот го соопшти сенаторката Мелиса Мелендез.