Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што владите бавно напредуваат кон олеснување на последиците од климатските промени, научници сковаа луд план вреден 500 милијарди долари за повторно замрзнување на Арктикот.
Предводени од физичарот Стивен Деш од Државниот универзитет на Аризона тим од 14 научници направија план за да го зголемат количеството мраз на Северниот Леден Океан со помош на десет милиони пумпи на ветер.
Стратегијата вклучува поставување на милиони пумпи на обновлива енергија на површината на океанот во текот на зимата. Теоретски, водата којашто ќе замрзне во тој период ќе го задебели мразот пред да дојде лето. Деш вели дека пумпите би овозможиле креирање на дополнителни 90 сантиметри мраз на постојната покривка. Доколку мразот е подебел, ќе трае подолго и ќе се намали опасноста од исчезнување на мразот во текот на летото.
Според пресметките, мразот на Арктикот во текот на летото ќе го снема до 2030 година. Доколку се случи тоа, океанот ќе ја апсорбира сончевата светлина која претходно ја рефлектирал, па затоа е битно да се задебели обвивката од мраз.