Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Клубот веднаш му даде отказ.
Ветеранот помеѓу стативите на второлигашот Фигуиренсе, Фабио (38) се најде во центарот на вниманието поради необичниот потег за време на натпреварот против Бое. Неговиот тим беше поразен со 2:0, а за првиот гол беше виновен голманот на домашниот тим.
Фабио во критичен момент непотребно излезе речиси на крајот на казнетиот простор, но до топката прв стигна противничкиот играч и ја смести топката во противничката мрежа. Влажниот терен исто така го направи своето.
До крај на полувремето, Фабио беше матиран и од пенал, што изгледа дека многу го допрело до полвуремето, па верувале или не, викнал такси и си заминал дома?!
Не се знае дали таксистот го однел директно до дома, со оглед на тоа дека растојанието помеѓу двата града (Варигин и Флоријанополис) е 1000 километри, или некаде го променил превозот, но она што е сигурно е тоа што во клубот нема да може да се врати.
Управата на Фигуиренсе веднаш му врачи отказ:
„Јас барав да се доведе Фабио. Работев со него во 2008. година и секогаш имаше силен карактер. Грешките се случуваат. Можеби има некои психички проблеми, не знам. Не рече ништо, само замина. Го повикав малку подоцна и му реков дека повеќе не е дел од екипата“, изјави менаџерот на екипата.