Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Крис Вудхед е Британец кој го зачуди и по малку шокираше светот со својата необична и бизарна пракса секој ден поминат во карантин да прави по една тетоважа на своето тело. Овој потфат го почнал кога се воведе карантин поради пандемијата на коронавирус. Сега тој наиде на проблем, почна да му недостига слободно место на кожата.
Речиси секоја педа од неговата кожа е покриена со тетоважи во различни стилови и теми. На неговото тело има коцки, палми, скорпии, вуду кукли и разни други слики. Пред изолацијата тој имал околу илјада тетоважи, а сега направил уште 40.
View this post on Instagram
Крис секој ден прави нови цртежи помеѓу 14 и 16 часот, инспириран од моменталната состојба во светот, а потоа прави чај и започнува да се тетовира.
„Тетовирањето е терапевтско. Го тетоважувам она што ми доаѓа на ум. Најмногу размислувам за оваа криза“, изјави Крис за Би-Би-Си.
View this post on Instagram
Напишал „Кога ќе заврши ова“ на ногата, и посвети една тетоважа на медицинските лица.
View this post on Instagram
„Мислам дека луѓето треба да ги ценат медицинските професионалци во ова време и да разберат колку се тешки нивните работни места“, рече тој.