Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Џемс Ворд, кој во Велика Британија бил осуден на 10 месеци затвор, зад решетки е веќе 11 години и тоа поради казна која е укината уште во 2012 година.
Имено, во Англија и Велс во 2003 година била воведена казната наречена „Затвор поради заштита на јавноста“.
Истата била укината во 2012 година. Оваа казна главно била воведена поради сексуалните злосторници, а функционира на овој начин: откако ќе се отслужи казната, престојот во затворот сепак се продолжува сѐ додека посебен одбор не одлучи дали затвореникот може да добие условна казна и да се врати назад во нормалното општество.
Укинувањето на казната во 2012 година се случило бидејќи таа била применувана многу пошироко од предвиденото, за многу полесни злосторства отколку што била првичната замисла.
Џемс Ворд имал 19 години кога бил осуден на 10 месеци затвор поради подметнување пожар. И покрај обидите да го убеди одборот за условно ослободување, тој и ден денес се наоѓа во затвор – подолго од 11 години. Неговата сестра Ејприл вели дека нејзиниот брат не ни требало да биде казнет со оваа посебна мерка, бидејќи делото кое го сторил не е толку тешко.
„Му кажаа да се однесува добро, да учи на курсовите во затвор и дека ќе биде пуште. Џемс го правеше сето тоа и секогаш кога ќе излезеше пред одборот за условно, тие му велеа дека мора уште да работи“, раскажува Ејприл. „Посетуваше дури и курс за дрога. Тој никогаш немал допир со дрогата, од каде е тогаш потребата да го посетува тој курс?“
Управителот на затворот Питер Кларк вели дека општо прифатено е дека оваа казнена мерка е погрешна.
„Некои затвореници, кои се навистина опасни и треба да останат во затвор по отслужувњето на пропишаната казна и оваа казна за нив е добро осмислена. Но, има такви кои не се толку ризични и страдаат поради неа“, вели управителот.