Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кривичната пријава што беше поднесена од страна на Хелсиншкиот комитет против полицајците кои тепаа студенти по завршувањето на изборите за претседател на Студентскиот парламент на УКИМ на 30 јуни, 2016 година, беше отфрлена од страна на Основното јавно обвинителство.
Во решението на ОЈО се наведува дека се отфрла кривичната пријава за двете кривични дела „Спречување на јавен собир“ предвидено во член 155, став 2 од Кривичниот Законик и „Малтретирање во вршењето на службата“ предвидено во член 143 од Кривичниот Законик, „бидејќи пријавените дела не се кривични дела кои се гонат по службена должност“.
Во образложението на решението се наведува дека, пријавата за „Спречување или смеќавање на јавен собир“ која се однесува и на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, не ги содржи битните обележја на кривичното дело.
„Во конкретниот случај, во дејствијата на пријавените м-р Митко Чавков, поранешен министер за внатрешни работи на РМ, Момчило Сталетовиќ-поранешен помошник во СВР, Марјан Петковски-Командант на ЕБР, Митко Пешов-Началник на одделот на специјани полициски операции при МВР и Горан Ѓорѓиевски-Началник на ЦПС при МВР, согласно исвестувањето рег.бр.14.2.1-725/8 од 27.08.2018 година доставено до Основното јавно обвинителство од страна на Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди, при извршените проверки по предметниот настан на Одделот, не се утврдило постоење на пропусти и повреди при нивното постапување, ниту повреди и пропусти кај било кој друг ангажиран полициски службеник“, стои во образложението од ОЈО.
Во однос на кривичното дело Малтретирање во вршење на службата, Одделот проценил дека „употребата на средства за присилба -физичка сила во конкретниот случај претставува легитимна, соодветна и пропорционална употреба на средствата за присилба.“
За време на протестот студенти се собраа пред студентскиот дом „Кузман Јосифовски Пити“, каде се сместени просториите на СПУКМ, откако беа регистрирани голем број нерегуларности при изборите за новиот студентски претседател. Тогаш, беа повикани полициски специјалци кои насилно ги исфрлија студентите, а дел од нив завршија и со телесни пореди.
Една година од поднесувањето на пријавата, ОЈО првпат презема активност по кривичната пријава за упадот на полицијата. Меѓу сведоците на бруталноста беа актуелната пратеничка Ивана Туфегџиќ, студентката Деа Здравковска, претседателката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска, актерката Ивана Павлаковиќ, новинарката Лени Фрчковска.