Вебкафе

Освоил 90 милиони евра на Еуроџекпот, а се уште го нема да си ги подигне!


Финската национална лотарија Веиккаус соопшти дека се уште се чека мистериозниот добитник во го освои Еуроџекпотот во износ од 90 милиони евра, шт е најголема добивка во историја на таа земја.

Добитниот тикет е уплатен во супермакеротот Призма во градот Лоима кој се наоѓа во северозапдна Финска. Градот брои вкупно 16.000 жители. На тикетот е одбрана можноста „групно играње“ во која може повеќе играчи да го уплатат тикетот и да го делат трошокот и евентуалната добивка. Тоа значи дека можеби не станува збор за еден добитник, туку за повеќе од нив.

Среќникот или среќниците имаат година дена за подигнување на добивката, а тоа можат да го направам единствено со приложување на потврдата во финската лотарија во Хелсинки. Ова е 14 главна награда освоено во Финска, а за прославување на најголемата добивка, лотаријта организира огномет и прослава во градот на мистериозниот милионер.

„Се надеваме дека огнометот ќе го пробуди добитникот и тој ќе се јави за заедно да го испиеме традиционалното кафе кое го пиеме со нашите добитници“ велат од финската лотарија.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top