Освои над 1 милион долари на лотарија, па сакаше да го сокрие идентитетот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јамајканецот кој на лотарија освои 158 милиони јамајкански долари (околу 1,17 милиони американски долари), на доделувањето на симболичниот чек од добивката се појави со маска од филмот „Врисок“, со цел да го задржи својот идентитет непознат за јавноста.

Добитникот идентификуван само како А. Кемпбел, се разболел откако открил дека е добитник на највисоката добивка на Супер Лото во ноември.

„Дознав дека сум добитник уште истата ноќ“, изјави тој. „Обично ги запишував бројките од телевизиското извлекување, одев да јадам, па потоа ќе ги проверев комбинациите. Таа ноќ го погледнав ливчето и истрчав во бањата викајќи: Добитен сум! Добитен сум!“

Наградата ја подигна на 5 февруари. Изјави дека се чувствува добри и дека веќе знае на што ќе ги потроши парите од наградата.

„Сакам убава куќа. Уште не сум ја пронашол, но наскоро ќе почна со потрага по една таква. Сакам да располагам со парите. Не просам, не позајмувам“, изјави тој.