Освежена верзија на Audi TT по повод 20-годишниот јубилеј


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По повод дваесетгодишнината од првичната промоција и деби на автомобилскиот пазар на Audi TT, новата генерација на овој модел добива освежен и поспортски изглед со поекспресивен дизајн. А во пакет со тоа доаѓаат и помоќни мотори и модерна сериска опрема.

Првата генерација на Audi TT го прослави почетокот на своето сериско производство во 1998 година. Три години порано Audi покажува TT во форма на две концептуални студии – во варијанта Coupé на IAA во Франфурт и во варијанта Roadster на Tokyo Motor Show. Деновиве по пазарниот старт, TT Coupé се искачува до врвот по продажба во својот сегмент.

Audi TT е синоним на задоволство при возењето, дизајн и љубов кон деталите: алуминиумски елементи во ориентираниот околу возачот кокпит, прогресивен дизајн на тркалата, карактеристично тркалезно капаче за резервоарот, два ауспуси – ова се само дел од карактеристичните стилистички елементи на овој необичен автомобил.