Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
60 милиони продадени примероци од нејзините музички албуми, раѓање на син, развод, песни кои доминираат на топ листите – изминатиов период во животот на Адел беше комбинација од бурни и спокојни периоди. После разделбата со Сајмон Конецки, таа реши да внесе драстична физичка промена во својот живот и да го подобри својот изглед.
На прославата на 33. роденден на раперот Дрејк, која славниот музичар ја организирал во музичкото студио во Холивуд се појавиле бројни славни личности, но 31-годишната Адел дефинитивно беше центар на вниманието и ги украде погледите на сите присутни.
Адел сите ги воодушевила со новата фигура. Иако пејачката по раѓањето на синот успеала да изгуби поголем дел килограми, сега едноставно се преполовила, никогаш не била послаба.
Пилатесот најмногу ѝ помогнал во борбата со килограмите. Адел веќе извесно време вежба пилатес со пријателката Ајда Филд, сопругата на музичарот Роби Вилијамс, а според пишувањето на „Дејли мејл“, пејачката почнала да вежба по пропаднатиот брак со претприемачот Симон Конецки.