Осумнаесет месеци затвор за гинекологот кој лажеше пацинетка дека е бремена


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Гинекологот кој девет месеци лажеше пациентка дека е во бремена состојба во Основниот суд Скопје 1 денес доби изрекување на казнена мерка затвор во период од една и пол година ефективна казна, како и забрана за вршење дејност во траење од осум години.

Гинекологот Николче Дамчевски пред судот ја призна вината. Адвокатката на оштетената, Ирена Фрчкоска, за Либертас изјави дека не се задоволни од изречената казна.

„Не сме задоволни од изречената казна. Особено имајќи ја предвид специфичноста на кривичниот настан и начинот на кој се сторени кривичните дела од страна на обвинетиот. Во понатамошната постапка ќе ги искористиме сите правни инструменти во насока на задоволување на правичноста и во насока на превенција вакви и слични кривични дела да се повторат“ – изјаци Фрчкоска.

Дамчевски во периодот од месец септември 2015 до април 2016 година презентирал состојба на лажна симулирана бременост на пациентка врз која претходно спровел биолошки потпомогнато оплодување.

Според обвинението тој, иако знаел дека оштетената не е бремена, вршел редовни контролни гинеколошки прегледи со ехо апарат, презентирал лажни ехо снимки на кои се гледа плод, презентирал лажна срцева акција на плодот, мерел должина и тежина на плодот, го утврдил полот на плодот, вербално на секој преглед детално ја објаснувал секоја наводна снимка од плодот, правел и скрининзи со писмени извештаи во кои е наведено дека на ехото се гледа плод во различна гестациска недела, а потоа договорил и термин за пораѓање.

Непосредно пред денот за кога било договорено наводното пораѓање на пациентката најпрвин на сопругот на оштетената, а потоа и на оштетената ја открил вистината за лажната бременост.