Вебкафе

Осумгодишно девојче во езеро пронајден 1.500 години стар меч

Осумгодишното девојче од Шведска, Сага Ванечек, во едно локално езеро откри меч стар илјада и петстотини години.

Мечот може да е од викиншко потекло и може да датира од артуријанско време, од петтиот или шестиот век, според експертите од музејот Јонкопингс Ланс. Фактот дека лицето што го открило буквално се вика Сага е дополнителен доказ дека ова е материјал како од легендите.

Ванечек зарѓаното оружје го нашла минатото лето додека со семејството пливала во езерото Видостерн во Смаланд.

„Напипав нешто под раката и помислив дека е стап, а потоа го кренав и имаше дршка што изгледаше како меч“, рече таа во интервју за шведскиот портал Варнамо Најхетер. „Потоа го кренав во воздух и му викнав на татко ми: ‘Тато, најдов меч!’“

Кога Ваначек му ја покажала реликвијата на татко си, вели Варнамо Најхетер, тој сфатил дека тоа веројатно вреди нешто и се консултирал со пријателите на кого да му се обрати за експертско мислење. Ова го однело до Ени Розен, археолог во музејот Јонкопингс Ланс, која веднаш го прекинала летувањето за лично да го види мечот. Розен и нејзините колеги од музејот сега го студираат и го презервираат древното оружје и планираат да го изложат следната година.

„Долг е околу 85 сантиметри, а околу него се сочувани и дрвото и металот“, рече директорот на музејот, Микаел Нордстром, за шведски Локал. „Едвај чекаме да видиме како конзерваторскиот персонал ќе ја заврши својата работа за подобро да ги видиме деталите на мечот“.

„Како стигнал во езерото Видостерн, не знаеме“, додаде тој. „Кога го истражувавме пред неколку недели, пронајдовме уште еден праисториски објект: брош од отприлика истиот период како и мечот, што значи дека тоа би можело да биде – не знаеме уште – место за положување жртви“.

Ваначек и нејзиното семејство биле замолени да не зборуваат за своето откритие до есенва, за експертите да имаат време да го пребараат езерото во потрага по други артефакти без да им се вплетка јавноста.

Сега, кога конечно може да ја раскаже својата приказна, таа за целото искуство вели дека е „прилично кул и по малку возбудливо“.

Loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top