Авто мото

Осум верзии од убавецот Mercedes A-класа 2018

Mercedes ги прават завршните подготовки пред 4-тата генерација на моделите од А-класата да дебитираат на Geneva Motor Show во март, точно 21 година откога на истиот саем била претставена оригиналната A-класа.

Новата А-класа ќе има 8 варијации, од која првата ќе биде стандардниот хечбек кој ќе има подобрен дизајн на екстериерот и ентериерот, како и подобрена практичност во однос на сегашниот модел.

Фотографиите покажуваат дека ривалот на Audi A3 ќе биде подолг и поширок од сегашниот модел, што се должи на ревидираната верзија на MFA платформата.

Продукциската верзија, меѓу другото, се очекува да има потенки LED фарови, а застарената централна конзолада биде заменета со два дигитални екрани, слични на оние од моделите од најновата Е-класа.

Најново дополнување на А-класа фамилијата подоцна во 2018 ќе биде Saloon верзијата, која ќе биде ривал на Audi A3 Saloon, што ќе им даде на Mercedes слобода да го развијат CLA купето со четири врати во автомобил фокусиран на дизајнот. Овој модел треба да се појави во 2019.

AMG A 45 варијацијата, пак, ќе има моќност од над 405 коњски сили од новоразвиениот 2.0 литарски 4 цилиндричен турбо мотор.

Откога ќе бидат лансирани хечбекот, салон и CLA верзијата на А-класата, компанијата ќе го посвети вниманието на нивниот GLA кросовер модел од идната генерација, кој ќе ја дели платформата со новата A-класа, но ќе има дизајн како SUV моделите, а кој најрано ќе се појави на пазарот на крајот на 2019-та.

Во поглед на моторите, ќе биде понуден нов 2.1 литарски дизел кој ќе го замени сегашниот 2.0 литарски, со моќност од 150 и 200 коњски сили, како и турбо бензински мотори од 1.6 и 2.0 литри. Во план е и хибридна верзија на хечбекот, брендирана со новата EQ Power дивизија на Mercedes.

Последното парче во A-класа сложувалката ќе биде комплетно електричен EQ A хечбек модел, кој ќе има 5 врати и домет од минимум 400km.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top