Осум нови случаи со морбили во едно деноноќие – заразени и деца болни од рак


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Меѓу осумте нови случаи на зараза од морбили во период од 24 часа има и три деца болни од рак. Децата биле хоспиталзирани на хемато-онколошкиот оддел на детската клиника во Скопје. Сите се во стабилна здравствена состојба.

Покрај нив, со морбили се заразени и четворица специјализанти, медицинска сестра и шалтерски работник од детската клиника.

Надлежните апелираат и до здраствените работници доколку не се вакцинирани или не го знаат својот вакцинален статус да се вакцинираат во најбрз можен рок.

„Oд вчера имаме 2 нови случаи на заболени деца од морбили на Клиниката за детски болести, од хемато-онколошкото одделение. Нивната состојба е стабилна и под контрола. Претходно имавме едно дете, кое е пуштено на домашно лекување и е здраво. Во текот на ноќта нивната состојба будно беше следена од лекарскиот тим и сите деца се соодветно третирани“ – изјави Д-р Катарина Ставриќ – Директорка на Клиника за детски болести – Скопје.

Во моментов на клиниката за инфектвини болести има 20 пациенти со потешка клиничка слика. Лекарите предупредуваат дека морбилите се сериозно заболување кое предизвикува тешки здравствени компликации.