Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Разводот може да биде еден од најболните случувања во животот на личноста, но некои митови кои настанаа околу разводот можат да ги направат работите уште полоши. Без оглед на тоа дали размислувате за развод или само сакате да се ослободите од најчестите заблуди, потребно е да се отфрлат стереотипите, пишува Макфакс.
1. Разводот значи пораз
Дури и ако сакате да го живеете животот со еден партнер, не го сметајте разводот за неуспех. Односот мора да биде олицетворение на среќа и заеднички достигнувања, а нешто што само треба да трае. Ако сте биле многу години заедно, би требало да размислувате за бракот како успех, дури и ако завршил.
2. Разводот не може да заврши без болка
Кога луѓето кои некогаш се сакале станат огорчени непријатели, можат само да се обвинуваат меѓу себе, но не и разводот. Тешко е да се прекине бракот без болка, но не е невозможно. Тоа е само обичен мит кој лесно може да се оспори со фактот дека само неколку разводи завршиле на суд. Најчесто партнерите успеале да постигнат спогодба, барем преку своите адвокати.
3. Ако не сте задоволни, тогаш разводот е решение
Додека децата навистина тешко го поднесуваат разводот на родителите, сепак најважно е децата да бидат среќни. Конфликтите и непријатните ситуации во домот исто така имаат негативно влијание на децата. Сепак истражувањата покажуваат дека само 15 отсто од децата покажуваат сериозни пробелми по разводот, причина за тоа може да биде и лошото родителство, а не самиот развод.
5. Заедничкиот живот пред бракот влијае на развод
Многу студии покажуваат дека заедничкиот живот пред брак го намалува бројот на разводи. Ова е уште еден мит, но староста на партнерот е многу поважна од заедничкиот живот. Постои поголема веројатност дека младите жени почесто се разведуваат.
6. Ризик од развод во вториот брак
Технички, тоа е вистина, но многу претерана. Според истражувањата, стапката на развод во вториот брак е само три отсто поголема, отколу во првиот.
7. Можете да го заштитите својот брак од развод
Во врската важно е да го сакате партнерот, но од идејата дека можете да се заштитите од развод треба веднаш да се откажете. Ова е уште еден мит, затоа што не живеете со робот, туку со човек и не сте во состојба да ги контролирате постапките на партнерот.
8. Неверство – главна причина за развод
Само 17 отсто од разводите се предизвикани од изневерување. Изборот на погрешен брачен другар може да биде главна причина за развод. Недостигот на материјални средства исто така се смета за главна причина на конфликти кај многу двојки.
Извор: Макфакс