Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најмалку осум експлозии се случиле околу полноќ во близина на воениот аеродром Зјабровка, во Белорусија, според извештаите кои Ројтерс сè уште не може да ги потврди.
Белорусија објави дека причината за експлозиите што се слушнале во текот на ноќта во една од нејзините воени бази, лоцирана на 30 километри од границата со Украина, е „технички инцидент“.
Коментирајќи го инцидентот, белоруското Министерство за одбрана соопшти дека „моторот на возилото се запалил по замената“ и дека „нема жртви“. Украина одби јавно да ја преземе одговорноста за експлозиите во базата, но не исклучува ниту дека стои зад нив.
Инцидентот уследи по силните експлозии во руската воздухопловна база Саки во анектираниот Крим, за кои Москва, исто така, рече дека биле несреќен случај.
Речиси идентични кратери на сателитски снимки и симултани експлозии покажуваат дека воениот аеродром можеби бил погоден од ново оружје со долг дострел што може да ја заобиколи руската противвоздушна одбрана.
“⚡️Equipment was damaged as a result of explosions at the Zyabrovka military airfield in Belarus. In particular, the Russian radar for illumination and guidance for air defense systems – “”Belarusian Gayun”” pic.twitter.com/S80fpWfbZx
— Flash (@Flash43191300) August 11, 2022
По информациите за експлозии и во Белорусија, советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак зборуваше за „епидемија на технички инциденти“.
„Епидемијата на технички инциденти во воените бази на Крим и Белорусија треба да послужи како предупредување за руската армија: заборавете на Украина, соблечете ја униформата и заминете“, напиша Подољак на Твитер.
„Нема да се чувствувате безбедно ниту во окупираниот Крим ниту во окупирана Белорусија. Кармата ќе ве достигне каде било“, додава тој.