Осуден водачот на „Дедовците“ – извршители на најголемиот грабеж во Британија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лондонскиот суд го осуди на 10-годишна казна затвор последниот од членовите на криминалната банда позната како „Дедовци“, истовремено и лидер на бандата која во Британија го изврши најголемиот грабеж во историјата на земјата.

58-годишниот Мајкл Сид, кого колегите го нарекуваат „Безил” беше уапсен минатата година во својот стан во Лондон. Сид, кој е експерт за системи за алармирање и тревога, беше последниот член на бандата на слобода.

„Вашата улога беше клучна.” , му рече судијата Кристофер Кинхе при изрекувањето на пресудата. Обвинителството тврди дека Сид бил водач на грабежот во кој се украдени злато, накит и скапоцени камења во вредност од 16 милиони евра.

Деветмината криминалци веќе се осудени, меѓу кои шестмина на затворска казна за грабеж достоен за холивудски трилер. Речиси сите во групата имале шеесеттина години, а двајца имале и повеќе од 70 години. Во мај 2015 , кога е извршена кражбата, Тери Перкинс имаше 67, Џон Колинс 74, а Брајан Ридер 76. Перкинс подоцна почина во притвор.

Тие го искористиле продолжениот викенд за Велигден и влегле во „Hatton Garden Safe Deposit” во Лондон , каде имало сефови. Маскирани како работници, влегле во тунелот на лифтот и со дијамантска индустриска дупчалка направиле три дупки во ѕидот дебел половина метар.

На снимките се гледа како мирно влегуваат и излегуваат од салата со сефови, сè додека не ги испразниле сите 73 сефа. Голем дел од украдените предмети не е најден.