Осуден на 7 години затвор, затоа што ја натерал девојката да шета гола низ град (фото)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Откако својата девојка, ја присилил да шета гола по Харлем затоа што се допишувала со други мажи, 26 годишниот Џејсон Мело е осуден на 7 години.

„Начинот на кој Мело ги гледа жените им припаѓа на застарено време, за него жените се сопственост“, рекол судијата Роберт Манделбаум, пренесува Daily Mail.
Девојкта која ја снимал додека одела гола по улиците на квартот во Њујорк со него има и дете.

„Ме уништи на толку начини. Не сакаше да застане туку постојано ми се смееше како тоа да е некоја болна шега“ рекла 25 годишната девојка.


Мело наводно прочитал некои пораки од мажи на мобилниот на својата девојка. Потоа и рекол дека ќе му плати така што гола ќе излезе на улица. Посрамувањето на девојката го снимил и објавил на Инстаграм и Лајв Лик. Девојката прво носела пешкир, но ја натерал и’ него да го тргне.
„Згодна девојка како тебе, со седум мажи. Сега ќе платиш. Сега сите можат да видат се“ викал на неа додека таа бегала од него.