Остварена средбата меѓу Димитров и Коѕијас, еве што си кажаа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На првата официјална средба што се одржа во Атина, министерите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, освен што изразија задоволство и надеж за унапредување на односите, ги повторија ставовите кои последниве денови повеќе пати ги искажаа – Димитров, дека сакаме поддршка од Грција, Коѕиас, дека прво треба компромис за името, па потоа евроатлантска интеграција на Македонија.

Задоволни сме што нашата соседна земја го најде патот кон стабилноста и сега има чувство дека овој пат може да ја одведе кон нејзината подобра иднина. Се согласивме со министерот на поранешна југословенска Република Македонија дека треба да се преземат најдобрите мерки и чекори за да ја развиеме нашата соработка, за што го имаме процесот на градење мерки на доверба. Се согласивме дека со добри разговори не се заменуваат преговорите, но тие стануваат попријатни, кажа Коѕиас.

Тој на средбата му повтроил на Димитров дека Грција цврсто го поддржува територијалниот интегритет на северниот сосед, без интервенции од трети страни во внатрешните работи и дека неговиот совет за различните страни е да не се мешаат во македонско-грчките односи.

Нашиот сосед сака да биде член на повеќе меѓународни организации и отворени сме да ги поддржиме напорите, но прво мора да се реши прашањето за името. Ова е услов за да работиме на компромис прифатлив за двете страни. Грција сака и во минатото предложила решенија за отворениот проблем, но секако нашите односи треба да се унапредуваат, изјави Коѕиас.

Димитров, како што рече, на средбата информирал за приоритетите на новата влада

Сакам преку конкретни чекори да изградиме нова слика во регионот. Ние ќе си го изиграме нашето и ќе продолжам да давам аргументи и со зборови и со дела дека е во интерес на нашиот поголем и повлијателен сосед ние да бидеме европска демократија која ќе влезе во НАТО и ќе почне преговори за ЕУ. Уверен сум дека отворањето на патот може да помогне да се затвори главното прашање. Не сум наивен, ова е прва средба, патот нема да биде лесен, но сакам да ја пренесам потраката дека овде сум да барам поддршка, нас ни треба поттик за исправено да зачекориме по патот по кој сакаме да одиме. Бевме неподвижни неколку години. Немаме скриени агенди и сакаме да бидеме пријател со вашата земја, порача Димитров.

На прашањето во врска со иредентизмот за кој се зборува во Грција, македонскиот министер рече дека тој не е од оние кои придаваат значење на скулптурите и имињата. Тоа, според Димитров, им наштети на нашите односи и им даде оаргументи на оние кои не сакаа да има добри односи меѓу Македонија и Грција.

Да ве убедам дека ние сме фокусирани цврсто на границите кои ги имаме, сакаме да си ја спасиме државата, предолго чекаме, рече тој.

Коѕиас, пак, демантираше дека кризата во Македонија се појавила како последица на одлуката во Букурешт во 2008 и додаде дека претходната македонска влада воопшто не практикувала постигнување компромис.

Прашањето со името од географски проблем го претвори во идентитетски проблем. Ако бивша југословенска Република Македонија сака, а ние акаме да стане членка и на НАТО и на ЕУ, тоа може да се оствари со изнаоѓање компромис за името во ОН, па овој нов договор да се објави во Брисел, изјави Коѕиас.

На средбата двајцата министри зборувале за мерките за градење доверба, па на досегашниот список се додадени уште неколку.