Островот на смртта во Јадранот: Луѓето таму ги носеле да умрат во тешки маки


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Островчето Повеља, сместено помеѓу Венеција и Лидо, поради своето по малку морбидно минато е еден од најинтересните острови на светот. По него роварат ловци на духови и паранормални појави, а околу него се плетат бројни приказни.

Некогаш, на овој остров живееле 160.000 луѓе и сите тие имале нешто заедничко – биле тешко болни, а на островот биле прогонети за да не ги заразат здравите луѓе. Овде немале што да прават освен да ја чекаат смртта. Неодамна е докажано дека повеќе од половина од површината на самиот остров е составена од човечки остатоци, а тоа најнепосредно докажува колку долго траела праксата за прогон на болните луѓе на островот.

Археолозите пронашле масовни гробници на блиските островчиња Лазарето Векио и Лазарето Нуово, во кои се најдени човечки остатоци од заболените од чума.

Повеља прв пат се споменува во 421 година, кога луѓето од Есте нашле заштита од варварите. Во деветтиот век популацијата на островот расте, но после нападот на џеновската флота на Венеција, населението било преселено на Гвидечa. Островот во 1776 година станал надлежност на Уредот за јавно здравство и станал контролна точка за стоката и патниците кои доаѓале и заминувале со бродови во и од Венеција.

После неколку случаи на чума на бродовите, во 1793 година островот е претворен во карантин зона. Наполеон Бонапарта улогата на карантин ја прогласил за постојана во 1805 година, а девет години подоцна болницата е затворена.

A post shared by Dom (@dominicrcwc) on

Островот повторно станал карантин во 1922 година, кога постоечките згради биле претворени во азил за ментално болни луѓе, а постојат гласини дека таму луѓето ги подложувале на лоботомија. Болницата била затворена во 1968 година, а островот напуштен.  Лекарот кој ги „лекувал“ пациентите извршил самоубиство скокајќи од болничката кула.

A post shared by ?? (@antoniantoniantonia) on

Дејството од полската новела „Дали си жив“ се случува токму на овој остров, а главните ликови, момче и девојче, се заболени од чума и се обидуваат да побегнат од него.