Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според Статутот на ВМРО-ДПМНЕ (член 22) претседателот предлага избор и разрешување на членови на Извршниот комитет. Па така, нормално е да се очекува дека по оставката на Груевски и сите членови на Извршен комитет на партијата да бидат разрешени или да дадат оставки (30 члена заедно со претседателот и генералниот секретар Христијан Мицкоски).
Генералниот секретар на партијата уште на почетокот на минатиот месец изјави дека идниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ треба да исполни три основни столба: да биде лик што ќе биде прифатен од членството во партијата, да има позитивен рејтинг во јавноста и да биде прифатен од меѓународната заедница.
По најавената оставка на Груевски, веќе почнаа и шпекулациите за тоа кој би можел да биде наследникот. Веќе се вртат имињата на Никола Попоски, Христијан Мицкоски, Илија Димовски, Антонио Милошоски, Никола Тодоров… Сите се членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Ако членовите на ИК поднесат оставки заедно со претседателот на партијата, тогаш ниту еден од овие личности не би можеле да бидат и кандидати за нов партиски претседател.
Освен тоа, ако препораките на Мицкоски биле договорени во партијата, навистина на прсти можат да се избројат луѓето кои ги исполнуваат трите услови за нов претседател. Тука треба да се додаде и условот поврзан со Специјалното јавно обвинителство, односно човек кој не е дел од истражните или предистражните предмети на специјалните обвинители. Претпоставката е дека никој не сака нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а неговото име да се врти по медиумите како осомничен или обвинет во кој било предмет на СЈО.