Оставката на Груевски денес пред централниот комитет!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Денеска попладне централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи седница на која би требало формално да се потврди одлуката за вонреден конгрес на партијата што ќе се одржи во Валандово на 23 декември, а на кој треба да се констатира оставката на Никола Груевски и во тој случај да се избере нов претседател.

Се очекува Груевски да ја образложи оставката пред членовите на Централниот комитет, која ја најави во интервју на 1 декември. Доколку оставката ја прифатат 130 членови на Централниот комитет, во тој случај извесен е вонредниот конгрес на 23 декември.

Прв, амбицијата да стане претседател на партијата ја објави Филип Петровски. Тој изјави дека по консултациите со семејството и со членови на партијата решил да се кандидира за лидерската позиција.

Како можни наследници на Груевски од партијата се споменуваат и неколкумина членови на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, Илија Димовски, Никола Попоски, Никола Тодоров, Антонио Милошоски… Неофицијално, од сите овие кандидати Груевски ја дава својата поддршка за Мицкоски.