Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фламур Сефај и официјално си поднесе оставка од функцијата Министеро за внатрешни работи на Косово, информирајќи го косовскиот премиер Рамуш Харадинај за сите детали околу неговата вмешаност во апењето и депортацијата на шесте турски државјани.
Косовскиот премиер побара разрешување на Сефај и директорот на Косовската разузнавачка служба, Дритон Гаши, поради нивната вмешаност во тајното апсење и депортацијата на шест турски граѓани во Косово, припадници на движењето ФАТО, предводено од верскиот водач во егзил Фетулах Ѓулен.
Истовремено, медиумите во Приштина објавија дека косовскиот претседател, Хашим Тачи, е против разрешувањето на Гуши, а без негов потпис, таква одлука не може да стапи на сила.