Останува тајна за што зборуваа Заев и Ахмети во Собрание


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Коалициските партнери од моменталната влада на Република Македонија, Зоран Заев и Али Ахмети вчера имаа средба во Собранието на која што разговарале за проширувањето на парламентарното мнозинство, потврдуваат партиски извори. Но, други детали од разговорот не се откриваат.

Според неофицијалните информации, Заев го информирал Ахмети за досегашните средби со партиите кои сакаат да бидат дел од владата.

Средбата уште вчера ја најави и Заев, ког, одговарајќи на новинарско прашање за преговорите за проширување на владината коалиција, кажа дека се допрецизираат разговорите со Турската демократска партија (ТДП) за влез во коалицијата, и оти во таа насока се размислува за БЕСА и тоа на двете нејзини крила. За разговори со коалицискиот партнер Ахмети, заев изјави дека ќе се види со него на паузите од собраниската седница за пратенички прашања.