Останува нерешен: Полицијата крена раце од овој случај кој го ужасна светот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во мај 2017 година светот остана во шок и ужас од снимката која беше објавена на интернет, а на која се гледа како маж намерно турна една жена од тротоарот додека на станицата доаѓа автобус.

За среќа , возачот на автобусот , кој подоцна е прогласен за херој , успеа за момент да го запре автобусот и да не ја прегази жената.

Полицијата од лани до сега испрашала 50 тина осомничени , но не можеше да го најде мажот во тренерка. Денеска полицијата соопшти дека го затвора случајот како нерешен , а доколку се појават нови информации што би помогнале , може повторно да го отворат.

Жената , и покрај ударот, кој изгледа драматично , сепак поминала без сериозни повреди.